Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Болно ми легнало Витето Белево

Болно ми легнало Витето Белево.
Болно ми легнало, болно на постела.

Болно на постела од пусти мераци.
Од пусти мераци за тој Петруша.

Ми излезе Санте долу в' чаршија.
Ми повика Санте до два доктора.

Први доктор велеше Витето ќе умрит.
Втори доктор велеше уш' не се знае.

Кога разбрал Рафаил, сабја го пресече.
Сабја го пресече во бело срце.

Ете го Рафаил кај иде со копан на рамо.
Со копан на рамо со се фирали.

За да го види Витето, Витето Белево.
Зошто болно лежи од пусти мераци.
Забелешка: Копан е чукало за перење алишта. Фирали, или поточно филари се вид женски чевли.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Струшки бисери - Болно ми легнало Витето Белево
  2. Чардак - Болно ми легнало Витето Белево
  3. КУД Илинден Струга - Болно ми легнало Витето Белево

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Струшки бисери
  2. Чардак
  3. КУД Илинден Струга