Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Биљана оро водеше

Биљана оро водеше,
Никола с’камен фрлаше.
Биљана што му збореше:
- Еј, море Никола.

Тук' да си зе'иш вдо'ица,
со дванадесет сираци,
со тринадесет чифлици,
еј, море Никола.

Како Биљана му рече,
Никола ми се наљути,
изшетал што ми прошетал,
еј, море Никола.

Триес' девет бели градови,
да барат лепа девојка.
Нигде девојка не најде,
еј, море Никола.

Туку си најде вдо'ице
со дванадесет сираци,
со тринадесет чифлици,
еј, море Никола.

Никола, море Никола,
фрлија си камен, не фрљаш
ти со Биљана не с' земаш.
I do not have a recording of this song. Do you? Help this collection by sending it to [email protected]. Thanks!