Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Што беше лепо и убаво

Прошетав рано на утро, рано на утро,
догледав моме убаво, моме убаво
каде ми дворје метеше.

Лудо на лепо говорит, лепо говорит:
- Девојче море девојче, море девојче,
немој ми дворје не мети.

Тук' море отвори порти, отвори порти,
тук' море отвори порти, отвори порти,
от идет момче уморен.

- Дегиди лудо и младо, лудо и младо,
ак' идет момче уморен, момче уморен,
јас немам што да му чинам.

Што беше лепо и убаво,
со фино фефче над око,
со алтанчето на чело,
со дробен бисер на грло.
I do not have a recording of this song. Do you? Help this collection by sending it to [email protected]. Thanks!