Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Жалај Ѓурго да жалиме

- Жалај Ѓурго да жалиме,
како ќе се разделиме,
ти од мене, јас од тебе.
Ја качи се в' одајата,
та подај ми тамбурата,
јас да свирам, ти да играш.

Ја седи ми на колено,
да отпетлиш ред петлици,
да ми видиш кошулата.
Неиспрана три години,
кошулата кир фатила,
ја земи ја, испери ја.

Му говоре калеш Ѓурѓа:
- Ој ти лудо, лудо младо,
немам вода да исперам.
Изговоре лудо младо:
- Твојте очи, два кладенца,
еден студен, други топол.

Изговоре калеш Ѓурѓа:
- Ој ти лудо, лудо младо,
немам сапун да исперам.
Изговоре лудо младо:
- Твојте раце, два калупа,
два калупа гирит сапун.

Изговоре калеш Ѓурѓа:
- Ој ти лудо, лудо младо,
немам копан да исчукам.
Изговоре лудо младо:
- Твојте ноѕе, два копана,
два копана за чукање.
I do not have a recording of this song. Do you? Help this collection by sending it to [email protected]. Thanks!