Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Леле Димо

- Леле Димо, леле Димо, леле таги големи,
ти ќе одиш, ти ќе одиш, чужда земја далеку.
Кому ќе ме, кому ќе ме мене млада оставиш.

- А невесто, добро мило, ј'оставам те, јоставам,
јоставам те, јоставам те на твој татко и мој.
Јоставам, јоставам те на твоја мајка, и моја.

- Леле Димо, леле злато, леле таго голема,
тешко мене, горко мене при две татка без тебе.
Тешко мене, горко мене при две мајки без тебе.

- Не жали ми, не плачи ми златна мила стопанке,
ако појдам на чужина, не се заба’м да дојдам.
Да се вратам в’ моја куќа, да си љубам прва љуба.

- Леле Димо, леле жалбо, леле таго голема,
на ти Димо, клави Димо мое лице в’ пазу’а.
Кога тебе ќе ти текнит за љубовта венчана.

Тогај Димо, рака пикни та извади икона.
Мене гледај, в’ себе мисли как душа в’ една снага.
I do not have a recording of this song. Do you? Help this collection by sending it to [email protected]. Thanks!