Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Ој бербери, мајстори

Ој бербери, мајстори,
клетви ви се големи:
дуќан да се запали,
чаршија да изгори.
Што не може Марето
низ чаршија да прошета.

(Оф, Маре, ти кабает немаш,
не бре душо, ти немаш кабает!)

Вие пусти бербери,
со тамбури во раце,
свирите и пеете
и по Маре викате:
- Ох бре Маре, долги коси,
ела в' дуќан, зачешлај ги!

(Ох Маре, Маре,
прва изгоро!)

Маре вели, говори:
- Ој бербери, мајстори,
коси ми се чешлани,
со ѓул намирисани.
Ако влезам во дуќанот
дали мома ќе излезам?
- Ах бре, Маре, долги коси,
кој те видим жив изгори!

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Јонче Христовски - Ој бербери, мајстори

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Јонче Христовски