Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Умрев, загинав Ленко за тебе

Умрев, загинав Ленко за тебе,
дур' да се ставам Ленко со тебе.

Под твоето грло да летувам,
на твои дојки Ленко да зимувам.

Бог да убиет Ленко мајка ти,
што не те пуштат Ленко на порта.

За да се видиш Ленка сос мене,
бог да убиет Ленко татко ти.

Што не те пушта Ленко на вода,
за да се ставиш Ленко со мене.

Сека година Ленко крвнина,
оваа година Ленко два крва.

Смисли се Ленко за мене,
не остави Ленко да умрам,
смисли се Ленко за мене,
да умрам Ленко за тебе.
I do not have a recording of this song. Do you? Help this collection by sending it to [email protected]. Thanks!