Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Стани сине

- Стани сине стани, паша ми те викат
тимар да препишиш, арнаутска земја.

- Не ме викат мајко тимар да препишам,
пашата ме вика глава да ми земит.

Пашината ќерка од бања излезе,
измиена мајко, лепо изтриена.

Ја си фатив мајко пашината ќерка,
па си ја избакнав и си ја исчинав.

За това мене мајко паша ме викат,
пашата ме викат глава да ми земит.
I do not have a recording of this song. Do you? Help this collection by sending it to [email protected]. Thanks!