Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Дали ти памтиш, Севде бре

- Дали ти памтиш, Севде бре,
кога ти реков заминвам?
Тогаш ти почна, Севде бре,
дробни си солзи да рониш.

Уште зборот недоречен,
каде ќе одам, Севде бре.
Тогаш ти почна, Севде бре,
танки си прсти да кршиш.

Здрав, жив да бидам, Севде бре,
кога ќе стигнам в' туѓина,
јас ќе ти пуштам пари бре,
пари, шарени фустан.

- Кога го писмо јас добив,
ни пари сакам, лудо бре,
ни пари сакам, ни пустам,
само те тебе јас сакам.
Само те тебе јас сакам,
со тебе да се ќердосам.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Цветан Јошевски - Дали ти памтиш, Севде бре

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Цветан Јошевски