Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Сонцето трепи, разгрева

Сонцето трепи, разгрева,
Стеван ми лежи во окопи.
Ете ги идат другари
и на Стевана говорат:

- Стани ми, стани Стеване,
да си дома одиме.
Кај наш'те мајки, татковци,
жени со машки дечиња.

- Ајте со здравје другари,
мајка и татка поздравете.
Мајка и татка поздравете:
„Стеван го оженивме“.

Стеван го оженивме
за една млада девојка.
За една млада девојка,
девојка црна, земнена.

За една млада девојка,
девојка црна, земнена.
Бегови беа девери,
сватови беа гарвани.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Цветан Јошевски - Сонцето трепи, разгрева

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Цветан Јошевски