Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Татко

Ах татко, татко, дали мислиш ти на мене
ах татко, татко, срце гори знај по тебе,
само се молам и од тебе милост барам,
за тебе горам и од болка јас ќе умрам.

Е, е, еј, татко слушни ме,
оваа песна ја пеам за тебе,
е, е, еј,
татко чекај нè, горе со мајка
на едно место пак да се збереме.

Пред гробот стојам, болка стега, солзи ронам,
кажи ми боже, дали горе ќе го видам
за да му кажам колку грешев, колку жалам,
кажи ми боже, за прошка да му побарам.

Е, е, еј, татко слушни ме,
оваа песна ја пеам за тебе,
е, е, еј,
татко чекај нè, горе со мајка
на едно место пак да се збереме.

Ах татко, татко, кој нè казни, кој нè проколна,
без поздрав татко, тивко од нас ти си замина.
И не ни кажа, збогум внуче, збогум сине,
бар уште еднаш, силно татко да те гушневме.

Е, е, еј, татко слушни ме,
оваа песна ја пеам за тебе,
е, е, еј,
татко чекај нè, горе со мајка
на едно место пак да се збереме.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Јордан Митев - Татко

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Јордан Митев