Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Ај да ојме Јано

Ај да ојме Јано, ај да ојме,
ај да ојме Јано Горниот Порој,
ај да ојме Јано, Горниот Порој.
Горниот Порој, Јано, Горниот Порој,
Горниот Порој, Јано, чаршијата,
Горниот Порој, Јано, чаршијата.

Деј гиди Јано мори, бела Јано,
деј гиди Јано мори, бела Јано.
Оф, Јано, Јано, Јано,
дејгиди бела Јано,
Јано, Јано мори, пуста Јано.

Там' ќе ти купам, Јано, там' ќе ти купам,
там' ќе ти купам Јано, шам-шамија,
шам-шамија, Јано, антерија.
Ти да ја носиш, Јано, ти да ја носиш,
ти да ја носиш, Јано, јас да те гледам,
ти да ја носиш, Јано, јас да те гледам.

Деј гиди Јано мори, бела Јано,
деј гиди Јано мори, бела Јано.
Оф, Јано, Јано, Јано,
дејгиди бела Јано,
Јано, Јано мори, пуста Јано.

Јас да те гледам, Јано, јас да те гледам,
јас да те гледам, Јано, дал' ти прилега,
јас да те гледам, Јано, дал' ти прилега.
Да си пукнат, Јано, да си пукнат,
да си пукнат, Јано, душманите,
и моите, Јано, и твоите.

Деј гиди Јано мори, бела Јано,
деј гиди Јано мори, бела Јано.
Оф, Јано, Јано, Јано,
дејгиди бела Јано,
Јано, Јано мори, пуста Јано.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Влатко Миладиноски - Ај да ојме Јано

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Влатко Миладиноски