Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Тимин ага иде од Дабиља

Тимин ага иде од Дабиља,
Тимин ага иде од Дабиља.
Право си тегле за чифлико,
право си тегле за чифлико.

Кога го виделе чифлиганите,
кога го виделе чифлиганите.
Сите на нозе му станале,
сите на нозе му станале.

Само Џафер ага не му стана,
само Џафер ага не му стана.
Па му се љуто разлути,
па му се љуто разлути.

Кога ќе ми дојдеш на лето в полето,
кога ќе ми дојдеш на лето в полето.
Јас ќе ти ја сечам твојата глава,
јас ќе ти ја сечам твојата глава.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Распеани струмичани - Тимин ага иде од Дабиља

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Распеани струмичани