Моли се на бога Севде

Моли се на бога Севде,
моли се на бога,
моли се на бога Севде
роса да зароси.

Роса да зароси Севде,
роса да зароси,
роса да зароси Севде,
Струма да дотече.

Струма да дотече Севде,
Струма да дотече,
Струма да дотече Севде,
сандак да повлече.

Во сандакот има Севде,
во сандакот има,
во сандакот има Севде
рака на јунакот.

На раката има Севде,
на раката има,
на раката има Севде
прстен бурмајлија.

На прстенот пише Севде,
на прстенот пише,
на прстенот пише Севде
име Гоце Делчев.

На мен' ле се падна Севде,
на мен' ле се падна,
на мен' ле се падна Севде
прстен да го носам.

Прстен да го носам Севде,
прстен да го носам,
прстен да го носам Севде,
знаме да развеам.
Забелешка: Песната е мелодиски, а донекаде и тематски слична со Помолила бога Маца.