Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Море три години Стамбол го шетав

Ајде три години Стамбол го шетав, Темјано.
Море си спечалив до три илјади,
јагне Темјано, пиле шарено.

Првата илјада коњче си купив, Темјано.
Втората илјада такам за коњче,
јагне Темјано, пиле шарено.

Третата илјада тебе да те земам, Темјано.
Третата илјада тебе да те зема,
јагне Темјано, пиле шарено.

Таман кинисав дома да си идам, Темјано.
На среде поток коњче ми пукна,
јагне Темјано, пиле шарено.