Кажи Епсо Димушева

- Кажи Епсо Димушева,
кај те тебе посвршија?
- Ме свршија посвршија,
у Ѓигота за Душана.

Не плачи, млад Мато Кузманов,
не плачи, не ме изгори.

- Кажи Епсо Димушева,
кој ти беше стројникот?
- Стројник беше, ми беше
млади Љубе стојкојчин.

Не плачи, млад Мато Кузманов,
не плачи, не ме изгори.
Не плачи, млад Мато Кузманов,
срцево ми го изгоре.