Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Позив дојде војник да одам

Позив дојде и за мене
позив дојде и за мене, Ленче бре
и јас војник да одам.

Сета рода покрај мене,
сета рода покрај мене, Ленче бре
со радост ме испраќа.

Само мојто верно либе
само мојто верно либе, Ленче бре
покрај мене не беше.

На пенеџере си стоеше
на пенџере си стоеше, Ленче бре
дробни солзи ронеше.

Јас је реков и нареков
јас је реков и нареков, Ленче бре:
- „Молчи либе, не плачи“.

Молчи либе, дај не плачи
молчи либе, ај не плачи, Ленче бре
бргу ќе се видиме.
Бргу ќе се ај видиме, Ленче бре
љубов ќе продолжиме.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Охридски трубадури - Позив дојде војник да одам

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Охридски трубадури