Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

И три години станаа

И три години станаа
откако болен лежав,
и никој не се решават
кај мене да дојдит.

Само еднаш се реши
моето верно либе
тоа кај мене да дојдит,
и прочка да земит.

О, гори не зеленејте
и птици не пејте,
љубовта ме напуштат
и скоро ќе умрам.

И венец направете
од мајски цвеќиња,
дајте го на другарите
да ми го донесат.

Да можам ангел да станам,
по небо да шетам,
да видам кој ќе те љуби
и душа да му земам.

И сè се заборават,
и имот и богатство,
само не се заборават
љубовта искрена.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Охридски трубадури - И три години станаа
  2. Елегија - И три години станаа
  3. Цар Самуил - И три години станаа
  4. Група Сарај - И три години станаа

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Охридски трубадури
  2. Елегија
  3. Цар Самуил
  4. Група Сарај