Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Алија со тамбурата

А бре, Алија море, делија,
а бре, Алија море, делија,
ни татко имаш Али, ни мајка,
само една пуста, џанам, тамбура.
Што е ова чудо Али од тебе,
цело село викат Али по тебе?

Цело село викат Али по тебе,
цело село викат Али по тебе,
дека си ги мамел Али момите
и калешите, џанам, невести.
И калешите, џанам, невести,
и тие сироти вдовици.

Цело село чинит џанам давија,
давија џанам кај кадијата.
Кадијата ми го Али повика
и почна кадијата да судит.
И почна кадијата да судит,
Алија почна, џанам, да свирит.

Тогаш ми извикал кадијата,
алал ти биле џанам момите!
И калешите, џанам, невести,
и тие сироти вдовици.
И калешите, џанам, невести,
и тие сироти вдовици.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Ансамбл Билјана - Алија со тамбурата

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Ансамбл Билјана