Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Подигни си, бре невесте дулачето

- Подигни си, бре невесте дулачето
да ти видам, бре невесте, бело лице.
- И да видиш, лудо море, фајде немаш,
бело лице, лудо море, продадено.

- Подигни си, бре невесте, дулачето
да ти видам, бре невесте, црните очи,
црните очи, бре невесте, гајтан веѓи.
- И да видиш, лудо море, фајде немаш,
црни очи, лудо море, продадени,
гајтан веѓи, лудо море, продадени.

Татко зеде, лудо море, дваесет лири,
мајка зеде, лудо море, срмен елек.


Друга верзија: Отврли си бело Ленче дулачето.