Ордан седи на кулата

Ордан седи на кулата,
па ми гледа горе-долу.

Ми догледал силен аскер,
силен аскер, башибозук.

Фрли бомба во селото,
се затресе цело село.

Извикнаа селаните:
- Што е ова од Ордана,
од Јордана Пиперката?

Ордан сабја не го сече,
Јордан куршум не го дупи.


// Во спомен на Јордан Пиперката.