Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Облак се вие, орлите пиштат

Облак се вие, орлите пиштат,
Балканот ја пее грозната песна,
Дали врни, грми ил' се земја тресе,
Или се борја од корен корнат?
Ниту врни, грми, нит' се земја тресе,
Ниту се борја од корен корнат.

Буки се сечат, спици се прават,
На Македонците под нокти редат.
Фурни се горат, железа се топат,
На Македонци усти затворат.

Дали има уште, кој да не знае,
До каде е наш'та Македонија?
Има ли уште, кој да не знае,
До каде е наш'та Македонија?

Штип, Куманово, Струмица и Струга,
Гевгелиско поле, дур' до Солуна,
Таму живеат само Македонци,
Само Македонци, славни јунаци.
Забелешка: Оваа песна е верзија од Песна за Караџата.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Панде Коминовски - Пашата - Облак се вие, орлите пиштат

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Панде Коминовски - Пашата