Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Ој девојче ран бел мој

- Ој девојче ран бел мој, ран бел мој
кој ти купи ф'стан твој, фустан твој?
- Ми го купи татко твој, татко твој,
сака да ми биде свекор мој, свекор мој.

- Ој девојче ран бел мој, ран бел мој
кој ти купи гердан твој, ѓердан твој?
- Ми го купи братот твој, братот твој,
сака да ми биде девер мој, девер мој.

- Ој девојче, галено, галено
не кревај се на големо, големо.
Ој девојче, галено, галено
не кревај се на големо, големо.

- Речи што ќе речеш, ангел бре, ангел бре,
брат ти ќа ми биде девер мој, девер мој.
Брат ти ќа ми биде девер мој, девер мој,
а јас ќе ти бидам невеста, невеста.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Децата од Буф - Ој девојче ран бел мој
  2. Танец - Ој девојче ран бел мој

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Децата од Буф
  2. Танец