Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Ој кажи, кажи моме Калино

- Ој кажи, кажи моме Калино,
што ти се јаде?
- Мене ми се јаде печена погача,
од мома замесена.

- Ој кажи, кажи моме Калино,
што ти се јаде?
- Мене ми се јаде печена кокошка,
оште непроносила.

- Ој кажи, кажи моме Калино,
што ти се пие?
- Мене ми се пие тригодишно вино,
три пати преточено.

- Ој като зема дренова тојага,
оште неокастрена,
три пати ќе удра, един пат ќе броја,
па да видим' што ти се пие!