Јас те пратив на вода Калино,
јас те пратив на вода Калино.
Ти на вода одиш, бело лице миеш,
по ергени гледаш, мори Калино.
Пусто да остане, мамо, лицето,
пусто да остане мамо, лицето.
Кога нема, нема, либе да го љуби,
тебе не те слушам, мори мајко, ле.
Јас те пратив на нива Калино,
јас те пратив на нива Калино.
Ти на нива одиш, руси коси чешлаш,
по ергени гледаш, мори Калино.
Пуста да остане мамо, косата,
пуста да остане мамо, косата.
Кога нема неа, либе да ја мрси,
тебе не те слушам, мори мајко, ле.
Јас те пратив на лозје Калино,
јас те пратив на лозје Калино.
Ти на лозје одиш, бело грозје береш,
на ергени даваш, мори Калино.
Пусто да остане мамо, грозјето,
пусто да остане мамо, грозјето.
Кога нема, нема, либе да го јаде,
тебе не те слушам, мори мајко, ле.
Јас те пратив на вода Калино
- Петранка Костадинова
- Александар Сариевски, Велко Трпчевски
- Октет Кавадарци
- Јованка Житарова
- Quartet Syrinx
If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!
Download MP3
Quality: up to 40kbps.
- Петранка Костадинова - Јас те пратив на вода Калино
- Александар Сариевски, Велко Трпчевски - Јас те пратив на вода Калино
- Октет Кавадарци - Јас те пратив на вода Калино
- Јованка Житарова - Јас те пратив на вода Калино
- Quartet Syrinx - Јас те пратив на вода Калино
Performers
See more songs featuring audio samples by: