Зачукале тапаните

Зачукале, зачукале, тапаните,
се собрале, се собрале сватовите.
Румба, румба, румба ба,
лиду, лиду, лиду ду
ајде сега весело.

Најавнале, ми јавнале, мулињата,
запалиле, запалиле, лулињата.
Румба, румба, румба ба
лиду, лиду, лиду ду
ајде сега весело.

Ќе ми одат, ќе ми одат по невеста,
по невеста, по невеста преку Вардар.
Румба, румба, румба ба
лиду, лиду, лиду ду
ајде сега весело.

Ми дотече, ми дотече, силен Вардар,
ми однесе, ми однесе невестата.
Румба, румба, румба ба
лиду, лиду, лиду ду
ајде сега весело.

Зетот плаче, зетот плаче, за невестата,
а сватови, а сватови, за дарови.
Румба, румба, румба ба
лиду, лиду, лиду ду
ајде чудо големо.