Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

За баба Ефтимица

Бибил во кафез во одајчето
жалосно пее, жалосна песна:
- Ај стани, стани бабо Ефтимице
да го испратиш син ти Стојана,
на гурбет ќе оди туѓа туѓина.

На гурбет ќе оди туѓа туѓина
туѓа туѓина, пуста Америка,
пари да спечали, назад да се врати
мајка да прегрни, свадба да направи.

Едно време стана баба Ефтимица
да го испрати син ѝ Стојана
неговото либе дробни солзи рони,
дробни солзи рони и му се моли:
- Немој, не оди туѓа туѓина
туѓа туѓина, пуста Америка.

Не мина време, време три години,
на баба Ефтимица писмо ѝ стигна.
Во писмото пиши: - Не жали мајко,
не жали мајко, не плачи либе
не плачи либе, пари не спечалив
пари не спечалив, младост си оставив.

Баба Ефтимица луто проколнала:
- Пуста останала туѓа туѓина
пуста останала клета Америка,
зошто ми го зеде мојто прво чедо
мојто прво чедо, син ми Стојана.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Ансамбл ресенчани - За баба Ефтимица

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Ансамбл ресенчани