Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Вечна љубов пак ќе водиме

- Како да те оставам
и да те заборавам?
- И да сакаш, не знаеш
без мене не ќе можеш.

Вечна љубов пак ќе водиме,
еден до друг пак ќе одиме,
среќни нека минат денови,
нека пукнат душмани.

- Сите ми се потсмеваат
дека љубам бекрија.
- Ни на север, ни на југ,
како мене нема друг.

Вечна љубов пак ќе водиме,
еден до друг пак ќе одиме,
среќни нека минат денови,
нека пукнат душмани.

- Јас пак љубов не кријам,
од тебе не заспивам.
- Сè ќе имаш од мене,
сè ќе сторам за тебе.

Вечна љубов пак ќе водиме,
еден до друг пак ќе одиме,
среќни нека бидат денови,
нека пукнат душмани.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Кевсер Селимова, Ѓорѓи Желчевски - Вечна љубов пак ќе водиме

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Кевсер Селимова
  2. Ѓорѓи Желчевски