Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Три години болен лежам

Три години болен лежав
аман, аман, аман,
за твоите црни очи.

Отвори го пенџерчето
аман, аман, аман,
да ти речам до два збора
отвори го и пак затвори го.

Очите ми, очите ти
аман, аман, аман,
тие ми се стројниците.

Милување, бакнување
аман, аман, аман
тоа се, велат, прикаски.

Ај повтори, избаци ме
аман, аман, аман,
да не легнам и да умрам.