Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Тинка иди од Битола

Тинка иди од Битола,
Јонче иди од работа.

- Море бре, море Јонче.
- Леле бре, леле Тинке.
Јонче иди од работа.
- Ајде Тинке, елај ти либе ле
да те земам за невеста.

Се сретиле меѓу Ресен,
меѓу Ресен и Јанковец.

- Море бре, море Јонче.
- Леле бре, леле Тинке.
Меѓу Ресен и Јанковец.
- Ајде Тинке, елај ти либе ле
да те земам за невеста.

Тинка му вели на Јончета:
- Запри го Јонче твојто коњче.

- Море бре, море Јонче.
- Леле бре, леле Тинке.
Запри го Јонче твојто коњче.
- Ајде Тинке, елај ти либе ле
да те земам за невеста.

- Ајде Тинке, ајде душо,
со едната рака ќе го терам.
Со едната рака ќе го терам
со другата ќе те гушкам.

- Море бре, море Јонче.
- Леле бре, леле Тинке.
Со другата ќе те гушкам
- Ајде Тинке, елај ти либе ле
да те земам за невеста.

Сакам Јонче, сакам бре либе ле
да ти бидам јас невеста.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Виолета Томовска, Кирил Манчевски - Тинка иди од Битола

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Виолета Томовска
  2. Кирил Манчевски