Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Ти си Биљана најубава

Ајде ти си, ти си најубава,
ти си Биле најмилата,
ајде ти си, ти си, бел јоргован
ти си Биле мојот ми сон.

Убава Биљана
ти си Биле мојот сон
малечка Биљана
ти си душо мојот сон.

Ајде твојте очи небесни
врвој Биле Пелистерски
ајде твојте очи најбистри,
што се капат во езеро.

Убава Биљана
ти си Биле мојот сон
малечка Биљана
ти си душо мојот сон.

Ајде твојто лице најнежно
цвеќе Биле во градина,
ајде твојто усте најнежно,
извор Биле од планина.

Убава Биљана
ти си Биле мојот сон
малечка Биљана
ти си душо мојот сон.

Ајде ти си, ти си најубава
ти си Биле најсакана,
ајде ти си, ајде ти си нежна песна
ти си Биле накитена.

Убава Биљана
ти си Биле мојот сон
малечка Биљана
ти си душо мојот сон.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Ѓорѓи Андреевски, Јорданка Куцулова - Ти си Биљана најубава

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Ѓорѓи Андреевски
  2. Јорданка Куцулова