Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Што ми е мило мамо

Што ми е мило мамо
мило ем драго,
сејмен да шетам мамо
низ Бузаана.
Па да видам мамо
белото Маре,
белото маре мамо
на Цинциеви.

Дали го носи мамо
тој широк фустан
што го кроевме мамо
девет ергени.
Од секој ерген мамо
по еден аршин,
а Ѓоше не дал мамо
ни еден аршин.

А Ѓоше не дал мамо
ни еден аршин
Ѓоше го зеде мамо
белото Маре.
Ѓоше го зеде белото Маре,
а јас да пукнам, мамо
ич не се жалам.
Забелешка: Бузаана е маало во Велес. Приказната зад оваа песна е раскажана тука.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Распеани велешани - Што ми е мило мамо
  2. Александар Сариевски - Што ми е мило мамо
  3. Александар Сариевски - Што ми е мило мамо
  4. Соната Велес - Што ми е мило мамо

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Распеани велешани
  2. Александар Сариевски
  3. Соната Велес