Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Што имала к'смет Стамена

Што имала к'смет Стамена, Стамена
мајка ѝ болна легнала, легнала.
Мајка ѝ болна паднала, паднала
побарала вода студена, студена.

Стамена ги зеде стомните, стомните
отиде на чешма шарена, шарена.
Отиде на чешма шарена, шарена
да наполни вода студена, студена.

Кога се од вода враќаше,
у село оро играја, играја.
У село оро играја, играја,
на танец млади Стојане.

Стамена ми стомни остави, остави,
и до Стојана се фана, да игра.
Стојан Стамени думаше, думаше:
- Стамено лична, убава.

Како што си лична, убава, убава,
уште така да си работна, работна.
Кога ќе земеш да предеш, да предеш,
со тоа фурче дреново, дреново.

Таман што си жица запрела,
одма те дремка, надоле, надоле.
Ти си легна малку да дремнеш, да дремнеш,
мамурлукот да го разбиеш, разбиеш.

Стамена на Стојан думаше, думаше:
- Стојане море Стојане, Стојане.
Како што си лично, убаво, убаво,
ама и ти да си работно, работно.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Васка Илиева - Што имала к'смет Стамена
  2. Стефче Стојковски - Што имала к'смет Стамена
  3. Татјана Лазаревска - Што имала к'смет Стамена
  4. Дертум - Што имала к'смет Стамена
  5. Дертум - Што имала к'смет Стамена
  6. Зијан - Што имала к'смет Стамена
  7. Александар Сариевски - Што имала к'смет Стамена
  8. Благица Павловска - Што имала к'смет Стамена
  9. Децата од Буф - Што имала к'смет Стамена
  10. Борјан Илковски, Зоран Џорлев - Што имала к'смет Стамена
  11. Бисер - Што имала к'смет Стамена
  12. Акритес - Што имала к'смет Стамена
  13. Афион - Што имала к'смет Стамена
  14. Herczku Ágnes - Што имала к'смет Стамена
  15. Рајна Терзијска - Што имала к'смет Стамена
  16. Васка Илиева, Тодор Божков - Што имала к'смет Стамена

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Васка Илиева
  2. Стефче Стојковски
  3. Татјана Лазаревска
  4. Дертум
  5. Зијан
  6. Александар Сариевски
  7. Благица Павловска
  8. Децата од Буф
  9. Борјан Илковски
  10. Зоран Џорлев
  11. Бисер
  12. Акритес
  13. Афион
  14. Herczku Ágnes
  15. Рајна Терзијска
  16. Тодор Божков