Среќата со пари не се купува

Нема, нема љубов без двајца нас
а без љубов нема за нас двајца спас.
Среќата со пари не се купува,
љубовта без мерак век не векува.

Ако пари сакаш, друга најди си
ако љубов сакаш, мене гледај ме.
Среќата со пари не се купува,
љубовта без мерак век не векува.

Кој што пари сакал, аир не видел
кој што љубел, сакал, живот живеел.
Среќата со пари не се купува,
љубовта без мерак век не векува.