Праша ли Тинке мајка ти

Праша ли Тинке мајка ти, џанам
праша ли Тинке мама ти,
дава ли тебе за мене, џанам,
дава ли тебе за мене?
Праша ли Тинке мама ти
дава ли тебе за мене?

Не сум ја Ѓорѓи прашало, џанам
не сум ја Ѓорѓи прашало,
синоќа сум ја слушнало, џанам
синоќа сум ја слушало.
Не сум ја Ѓорѓи прашало, џанам,
синоќа сум ја слушало.

Мама на тате велеше, џанам
мама на тате велеше:
- Ај да го дајме Тинчето џанам,
за тој Ѓорѓија бекрија?
- Ај да го дајме Тинчето џанам,
за тој Ѓорѓија бекрија?

Тате на мама велеше, џанам,
тате на мама велеше:
- До девет ќерки да имам, џанам
една на Ѓорѓија не давам.
- До девет ќерки да имам, џанам
една на Ѓорѓија не давам.

Ѓорѓи е пуш пијаница, џанам,
Ѓорѓи е пуш пијаница.
На вино пие кајмакот, џанам,
а на ракија првакот.
На вино вади ножеви џанам,
а на ракија пиштоли.
Забелешка: „Првак“ е првата, најсилната ракија која истекува од казанот при варење.