Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Пилето ми пее

Пилето ми пее рано на сабајле
рано на сабајле рано пред зори.
Па ми ја буди младата невеста,
младата невеста коња да спреми.

Коња да спреми на пат ќе одам
на пат ќе одам туѓа туѓина.
Рачај, порачај ти млада невесто,
рачај, порачај што да ти купам.

Дали пари сакаш или писмо сакаш
ил' ме мене сакаш дома да дојдам?
Ниту пари сакам ниту писмо сакам,
тук' те тебе сакам дома да дојдиш.

Парите се арчат, писмото се кине,
а љубовта трае вечно до гроба.