Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Ој, ти Пацо Дреновчанке

Ој, ти Пацо Дреновчанке,
не стој пред мене.
Си продадов тешкото имање
само заради тебе.

А бре лудо, лудо и младо,
не продавај си.
Ако сум ти на к'сметот,
сама дома ќе дојдам.

Ој, ти Пацо Дреновчанке,
не стој пред мене.
Си продадов шарениот ландон
само заради тебе.

Абре лудо, лудо и младо,
не продавај си.
Ако сум ти на к'сметот,
сама дома ќе дојдам.
Забелешка: Зборот „ландон“ значи пајтон.

Препорака: документарниот филм „Чија е таа песна?“ од Адела Пеева.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Гого Зафировски - Ој, ти Пацо Дреновчанке

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Гого Зафировски