Ој овчарче

- Ој овчарче, бре чобанче,
што си толку развеселен?

Фино фесче на страната
стодрам писќуљ над окото.

- Ој Стојане, мој стопане,
как' да не сум развеселен?

Овци ми се објагниле,
половина облизниле.

Жена ми се породила,
ми родила машко дете.