Ој девојче, бело и црвено

Ој девојче, бело и црвено
како тебе, моме,
нигде не најдов.

Каква мајка беше
тебе што те роди
тебе што те роди
толку убава?

Дали си Гркиња,
или Македонка,
цел свет да се чуди
на твојта убост?

Три години стана
како ме зафана,
љуто да ме мачи
твојата љубов.

Ја земи ножето,
распарај срцето,
таму ќе си најдеш
отровна љубов.