Невесто лична калеша

- Невесто лична калеша,
невесто лична калеша,
синоќа ти лафот чиневме
тебе млада да оставиме.

- Девере, најмал девере,
девере, најмлад девере,
каква ми мана најдовте,
мене млада да оставите?

- Невесто лична, калеша,
девет години, в' десетта,
камо ти лулка до тебе
и в' лулка машко детенце?

- Девере, најмлад девере,
девет години, в' десетта,
постела не сум послала,
со момче не сум легнала.

Дека што пие, там' спие,
дење и ноќе не иде,
името ми е невеста,
на срце сум си девојка.