Не се бели Маре мори не се црви

Не се бели, Маре мори, не се црви,
не се, толку Маре, дотерувај.

Ми се смеат, Маре мори, ергените,
ергените, Маре, еснафите.

Кого си го, Маре мори, погледнала,
секому си, Маре, болест дала.

Кому два дни, Маре мори, кому три дни,
а на мене Маре три години.

Ти ме стори, Маре мори, суво дрво,
суво дрво, Маре, јаворово.

Земи оган, Маре мори, запали ме,
запали ме, Маре, изгори ме.