Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

На сред село едно дрво

На сред село едно дрво,
едно дрво тополово,
на него од сите страни
имињата напишани.

Меѓу нив е и моето,
до името на момето
што го љубам и милувам
и во сонот го целувам.

Од година, на година,
расте дрво тополово,
а со него имињата
израснаа, се здружија,
а со него и љубовта
нас нè сврза засекогаш.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Миле Тодоровски - На сред село едно дрво

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Миле Тодоровски