Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Моме оди на вода

Моме оди на вода
со две стомни шарени.

По неа оди беќар
и на моме говори:
- „Постој моме, почекај.

Постој моме почекај, леле
да ти кажам два збора,
два збора, два изгора“.

Не ѝ кажа два збора,
тук' ја фати за рака
и ги скрши стомните.

Викна моме да плачи:
- „Леле боже, до бога,
како ќе одам на вода?

Мајка ќе ме искара,
тато ќе ме отепа“.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Персиди - Моме оди на вода
  2. Никола Бадев, Благој Петров - Караѓуле - Моме оди на вода

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Персиди
  2. Никола Бадев
  3. Благој Петров - Караѓуле