Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Мирјано моме Мирјано

Мирјано, моме, Мирјано,
слушај што ти вели Ѓорѓија.
Аман, аман,
слушај што вели Ѓорѓија:

- „Чифликот ќе си продадам,
тебе Мирјано да земам.
Аман, аман,
тебе Мирјано да земам“.

- „Колку ти чини чифликот,
толку ми чини грлото.
Аман, аман,
толку ми чини грлото“.

- „Нивите ќе си продадам,
тебе Мирјано да земам.
Аман, аман,
тебе Мирјано да земам“.

- „Колку ти чинат нивите,
толку ми чинат веѓите.
Аман, аман,
толку ми чинат веѓите“.