Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Жална мајка

Жална мајка в' себе плаче,
внуците ги теши,
бол во гради лут ја вие,
а ним им се смеши.
Ах, спијте внуци мои,
пак, пак ќе дојде тој,
ќе ви пее за Битола,
за наш роден крај.

Спијат внуци, мајка плаче
очи солзи леат,
кај си синко да ги видиш
твојте мили деца?
Ах, спијат деца твои,
в' сон го слушат твојот пој,
стани синко да ги видиш
стани сине мој.

Мајка плаче, солзи течат
синот свој го жали,
Благој Петров Караѓуле
во мисли го гали.
Оф, единец мој ти,
в' гради болка ти ни сви,
стани чедо, пеј ни песна
стани не ми спи.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Виолета Томовска, Кирил Манчевски - Жална мајка

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Виолета Томовска
  2. Кирил Манчевски