Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Бог да го бие тој Ибраим Оџа

Бог да го бие тој Ибраим Оџа,
тој Ибраим Оџа, баш арамија,
тој Ибраим Оџа, баш арамија.

Што ми излезе на Гучева Чешма,
на Гучева Чешма, со триесетмина,
на Гучева Чешма, со триесетмина.

Од таму минале два-три ќумурџии,
два-три ќумурџии, многу сиромаси,
два-три ќумурџии, многу сиромаси.

- „Многу ти години, бре Ибраим Оџа,
многу ти години, бре Ибраим Оџа“.
Ибраим Оџа им одговара:

- „Мојте години, многу нека бидат,
вашите години, малу нека бидат,
ај идете долу, во село Гучево,
да им кажете на гучевчаните,
ручек да ми гответ, за триесет души,
јагне печено, ем вино црвено“.


(Друга верзија)

Бог да го бие тој Ибраим Оџа,
тој Ибраим Оџа, алданчанецот,
баш арамија, ем кесеџија.
Ај, што ми излегол Прилепското поле
па ми накачил, горе Крушево,
зад коријата, Крушева чешма.

Од оздола идат тројца ќумурџии,
на Ибраим Оџа му проговарат:
- „Многу ти години, бре Ибраим Оџа“.
А Ибраим Оџа им одговара:
- „Мојве години, многу нека бидат,
вашите години, малку да ви бидат.

Слезете долу, градот Крушево,
абер да носите кај валијата.
кај валијата до невестите.
Ајде да ми спремат и да ми донесат
печено јагне, бела погача,
вино, ракија, петстотини лири.

Ако не послушат и не ми донесат
ќе ги соберам триесетте души,
па јас ќе дојдам долу во Крушево.
Мажи ќе тепам, жени ќе срамам,
деца ќе колам, сè ќе запалам,
градот Крушево јас ќе го изгорам“!

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Николас Бовчарис - Бог да го бие тој Ибраим Оџа
  2. Љубојна - Бог да го бие тој Ибраим Оџа
  3. Љубојна - Бог да го бие тој Ибраим Оџа
  4. Наум Петрески - Бог да го бие тој Ибраим Оџа
  5. Цане Николовски - Бог да го бие тој Ибраим Оџа
  6. Битолски мерак - Бог да го бие тој Ибраим Оџа
  7. Панче Здравков - Бог да го бие тој Ибраим Оџа
  8. Радио студио Скопје - Бог да го бие тој Ибраим Оџа
  9. Мирвет Беловска - Бог да го бие тој Ибраим Оџа

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Николас Бовчарис
  2. Љубојна
  3. Наум Петрески
  4. Цане Николовски
  5. Битолски мерак
  6. Панче Здравков
  7. Радио студио Скопје
  8. Мирвет Беловска