Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Излези Видо мори, чудо да видиш

Излези Видо мори, чудо да видиш,
чудо да видиш, Видо, чудото големо,
чудото големо Видо, зајак со чалма,
зајак со чалма, Видо, глава преврзана.

Излези Видо мори, чудо да видиш,
чудо да видиш, Видо, чудото големо,
чудото големо Видо, волк со долама,
волк со долама Видо, зајак со чалма,
зајак со чалма, Видо, глава преврзана.

Излези Видо мори, чудо да видиш,
чудо да видиш, Видо, чудото големо,
чудото големо Видо, лисица со венци,
лисица со венци Видо, волк со долама,
волк со долама Видо, зајак со чалма,
зајак со чалма, Видо, глава преврзана.

Излегна Вида мома, чудо да види,
чудо да види Вида, чудото големо,
чудото големо Вида, момче неженето.