Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Ако умрам ил загинам

Ако умрам ил загинам,
немој да ме жалите,
напијте се рујно вино
скршете ги чашите.

Еј, верни другари,
песна запејте,
мене спомнете.

Ако умрам ил загинам,
поп немој да викате
вие на гроб да ми дојте,
оро да заиграте.

Еј, верни другари,
песна запејте,
мене спомнете.

Ако умрам ил загинам,
ќе останат спомени.
Што сум лудо, лудовало
на младите години.

Еј, верни другари,
песна запејте,
мене спомнете.