Ај што ми е мило, ем драго,
млада партизанка да бидам.
Млада партизанка да бидам,
на Пелистерска планина.
Збогум и проштевај роде мој
јас отидов во бој, бој, бој.
На Пелистерска планина,
во Лавчанската корија,
во Лавчанската корија
кај дванаесте кладенци.
Збогум и проштевај роде мој
јас отидов во бој, бој, бој.
Таму си клетва зедовме,
со фашисти да се биеме,
слобода да добиеме,
за наша Македонија.
Збогум и проштевај роде мој
јас отидов во бој, бој, бој.
Ај што ми е мило ем драго
If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!
Download MP3
Quality: up to 40kbps.
Performers
See more songs featuring audio samples by: