Ај да бегаме мори Васе

Ај да бегаме, мори Васе
ај да бегаме,
в града Солуна,
ај да бегаме,
в града Солуна.

Там' ќе најдеме, мори Васе
там' ќе најдеме,
мома Спасија,
болна легнала.

Ми повикала, мори Васе
ми повикала,
до три доктора,
ми повикала до три доктора.

Први ѝ вели, мори Васе,
од мерак лежи,
втори ѝ вели,
тешко е болна.

Трети ѝ вели, мори Васе,
трети ѝ вели,
јас ќе ја лекувам,
и ќе ја земам.